Раперот Кинг Вон убиен во Атланта, полицијата се оградува
Раперот Кинг Вон од Чикаго е еден од тројцата убиени во пукотница пред ноќен клуб во Атланта, во која се повредени уште три лица, соопштија истражителите.
Според изјавата на Бирото за истраги во Џорџија, прелиминарната истрага покажува дека Вон, заедно со група мажи, го напуштиле ноќниот клуб и се упатиле на друго место, а потоа се судриле со друга група мажи. Како што се додава, расправијата наскоро ескалирала и дошло до пукање меѓу двете групи, пренесува АП. Истражното биро наведува дека полицијата реагирала и пукала. Шест лица биле погодени за време на конфликтот меѓу двете групи и за време на реакцијата на полицијата. Полицијата во Атланта соопшти дека нејзините членови не го убиле 26-годишниот рапер, чие вистинско име е Давон Бенет.Како што изјавија од полицијата, се верува дека раперот бил убиен во пукање меѓу две групи, што се случило пред полицијата да реагира.
Во пукањето нема повредени полицајци.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска