Свет
28. March 2016 - 21:56

Ранет полицаец од обезбедувањето во Капитол, уапсен напаѓачот

Полицаец од обезбедувањето на Капитол беше ранет во Центарот за посетители во комплексот на Конгресот на САД.

Напаѓачот е приведен, соопшти полицијата. Полицаецот врз кого било пукано е лесно повреден.

Капитол и Белата куќа беа блокирани од полицијата поради потенцијална закана за безбедноста.