Македонија
13. May 2021 - 16:36

Рамазан Бајрам во пандемија - Верниците го слават со најблиските

Со утринската молитва и одржувањето на Бајрам-намаз во џамиите започна празнувањето на Рамазан Бајрам, еден од најголемите празници за муслиманите. Верниците се помолија за добро здравје, побараа прошка за грешките и да биде прифатен нивниот пост во месецот Рамазан, кога се воздржуваа од јадење и пиење од изгрејсонце до зајдисонце. Празникот се одбележува три дена, а ова е втор пат да се празнува во услови на пандемија.

Препораките од надлежните се да се празнува одговорно, почитувајќи ги мерките и протоколите што ги налага пандемијата, со цел да го заштитиме своето и туѓото здравје.

По повод Рамазан Бајрам, честитки за добро здравје, љубов, спокој и единство упати претседателот Стево Пендаровски, собранискиот спикер Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.