-->
-->
Рама пресече: Нема повеќе шатори
-->
Албанскиот премиерот Еди Рама на вонредна владина седница најави дека стручни тимови за проценка на штетите ќе започнат со работа денеска, и дека досега се донирани пет милиони евра и повеќе од милион американски долари помош за погодените од земјотресот. Според него, тоа не е последната сума.
Рама објави дека шаторите поставени во Туман и Лач ќе бидат отстранети, а семејствата сместени во хотели.
Сепак, жителите на околните села не сакаат да одат во хотели бидејќи, како што рече Рама, тие сакаат да останат во шатори за да може да се грижат за нивните земјоделски стопанства.
Рама потврди дека досега загинале 49 лица, вклучително и деца,од нив во Драч 25, во Туман 23 и една жртва во Курбин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот