Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше во врска со случувањата во Собранието, на која пратениците на Демократската партија направија хаос со собраниската сала и ги запалија столчињата, откако ги изнесоа пред собраниската зграда.
- Доаѓајќи овде некој ми ја пушти оваа слика... ова е оган запален со столчињата на пратениците избрани да седат и да ги претставуваат оние што ги гласале и тоа како знак, на револт против судска одлука, рече Рама на средбата „Пратеникот што го сакаме“.
Рама понатаму рече дека „политиката има моќ да сее но и истребува“.
- Денес од нас се очекува одговорност, политичка претпазливост и посветеност на реформите кои ги опфаќаат европските вредности. Верувам дека меѓу овие две гледишта, се разбира не апсолутна туку релативна, денес овде има поделба меѓу нас, оние кои се обидуваат да лечат, садат... и оние кои уништуваат, откорнуваат, палат, рече Рама.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот