Рама: Има реална закана од Русија, не треба да си играме со оган
Албанскиот премиер Еди Рама, по Самитот Украина – Југоисточна Европа на заедничката прес конференција со украинскиот претседател Володомир Зеленски кажа дека постои реална закана од Русија и дека не треба да се игра со оган.
Во однос на истото прашање Рама истакна дека „има многу лекции што можеме да ги научиме од нашата историја на Балканот, но она што се случува во Украина е уште една лекција“.
-Постои јасна и реална опасност за Западен Балкан поради руската агресија. Она што се случува таму, може да се повтори на различни начини, ставајќи ги под знак прашалник основите на нашиот светски поредок. Не е свет каде кој е поголем и кој има повеќе војници може да напаѓа помали земји. Тоа му припаѓа на средниот век. Продолжуваме заедно да одиме напред, посочи Рама.
Тој оцени дека „војната е блиску колку и ние овде“, и оти колку и да изгледа невозможно денес, тоа може да се случи.
-Не треба да си играме со оган. Мора да одржиме јасна позиција во однос на Украина. Се работи за нас, порача Рама, пренесува Топ чанел.
Ново на Сител
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје