Рама: Агентот на ФБИ ми е пријател, тоа што е под истрага тоа е негова работа
Поради обвинувањата дека е под истрага на ФБИ, синоќа реагираше албанскиот премиер Еди Рама, кој призна дека го познава агентот на ФБИ, но дека проблемот што агентот го има со правосудниот систем во САД нема никаква врска со него.
– Шефот за антитероризам на ФБИ беше и е мој пријател, тука нема никаква дискусија. Ако има проблеми со САД, тоа е негово прашање. Нека проговори американската правда. Ужасно е да се изнесуваат такви обвинувања. Ваквите обвинувања ги имав во превид откако ја презедов функцијата, но е страшно за овој народ и за оваа земја, за албанските вредности и принципи, изјави Рама.
Тој додаде дека станува збор за прашање во САД кое нема никаква врска со него, ниту со албанската Влада.
– Нема никаква врска со мене и албанската Влада. Тоа е прашање на САД, а според оваа теорија не треба да се сретнеме со никого затоа што утре може да има правда, посочи тој.
Реакцијата на Рама следува по тврдењето на Сали Бериша, дека премиерот Рама и претставници од неговата Влада се под истрага на ФБИ.
Бериша тоа го кажа изјави по веста на Инсајдер дека поранешниот висок функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал е осомничен за поврзаност со Русија и други земји, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора. Во написот се наведува дека тој е пријател на Рама.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД