Раководството на Барса размислува да ги намали платите на фудбалерите за 30 отсто
Раководството на шпанскиот шампион Барселона размислува да ги намали платите на играчите на тимот поради суспензија на сезоната поради пандемијата од коронавирусот, пренесува „Мундо Депортиво“.
Натпреварите во Ла Лига првично беа прекинати во средината на март за 20 дена, но сè уште не е јасно кога ќе продолжи кампањата, бидејќи заразата со КОВИД-19 продолжува да расте. Просечната плата на фудбалерите на Барселона е рекордна во светскиот клупски фудбал – 11 милиони евра.
Одлуката за можно изрекување на мерката ќе се донесе не порано од следната недела, бидејќи раководството разгледува различни опции. Една од опциите што се разгледува е да се намалат надоместоците за играчите за 30 проценти за периодот кога не се играат натпревари заради коронавирусот.(МИА)
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден