Loading Video...
Ракомет
30. јуни 2022 - 18:08

Ракометарките со пораз од Турција го започнаа настапот на МИ

Својот прв настап на Медитеранските Игри денеска го имаа и ракометарките. 
 
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски за противнички ги имаа ракометарките од Турција селекција од која загубија со 27-34. 
 
Најефикасна во нашиот состав беше Јована Кипријановска со шест голови, додека Ивана Џатевска  постигна еден помалку.
 
Утре во 2.коло од Б групата нашите ракометарки ќе играат против Србинките, додека во последната рунда закажана за во сабота противник ќе им биде Португалија.