-->
-->
Ракометарите заминаа за Краков
-->
Македонската ракометна репрезентација замина за Полска каде ќе учествува на Европското првенство. Нашата селекција со чартер одлета директно за Краков каде ќе ги игра групните натпревари со Франција, домаќинот Полска и Србија.
Во нашиот табор се чувствува добра атмосфера и желба да се влезе во вториот круг.
„ Имавме добри подготовки, со добри резултати на контролните средби. Добро ги познаваме противниците. Франција е голем фаворит, Полска не смее да не потцени иако е домаќин а мајсторката најверојатно е со Србија. Очекувам да одиграме добро и да ја оствариме својата цел“- изјави за ТВ Сител еден од џокерите на селекторот Ивица Обрван Гоце Ојлески.
На пат заминаа 17 ракометари.
Список на ракометари за Краков:
Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата
-
Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
-
Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува
-
Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години
-
Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер