Свет
14. јуни 2020 - 9:30

Ракетирана база на коалицијата на САД во близина на Багдад

Две ракети од типот Качуша синоќа ја погодија воената база, што се наоѓа северно од Багдад, во која се стационирани трупи на коалицијата под команда на САД.

Како што јавија ирачките медиуми во нападот нема загинати лица.

Се уште никој не преземел одговорност за нападот.