Свет
7. February 2018 - 8:42

Ракетиран сириски „истражувачки центар“

Силни експлозии одекнаа во близина на Дамаск во раните утрински часови, откако израелски проектили беа испукани кон објект кој, според извори блиски до сириската влада, е „истражувачки центар", јави ДПА.

Тие извори тврдат дека ракетите биле насочени кон „истражувачки центар" во градот Џамара, недалеку од Дамаск, кои и претходно биле цел на израелски напади.

- Системот за противвоздушна одбрана на Сирија се справи со овие ракети и уништи неодреден број од нив пред да ги достигнат своите цели ", изјави еден од изворите за ДПА.

Сириската армија соопшти дека Израел нападнал објект во близина на главниот град Дамаск.