Свет
14. November 2016 - 9:57

Рајнс Прибус и Стивен Бенон со високи функции во админстрацијата на Обама

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го избра Рајнс Прибус за шеф на неговиот кабинет додека Стивен Бенон ќе биде главен стратег и висок советник на шефот на државата. 

- Воодушевен сум што мојот мошне успешен тим продолжува со мене да ја води нашата земја, наведе Трамп во сооштение.

- Стив и Рајнс се исклучително квалифицирани лидери, кои добро работеа во текот на кампањата и не доведоа до историска победа. Сега двајцата ќе бидат со мене во Белата куќа додека работиме на тоа Америка повторно да стане голема, нагласи Трамп. 

Прибус е актуелен претседател на Републиканскиот национален комитет.