„Рајанер“ ќе отпушти 84 вработени во Белгија
Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ќе отпушти 44 пилоти и 40 членови на екипажот во Белгија поради финансиските тешкотии со кои се соочува откако започна кризата со новиот коронавирус.
Авиокомпанијата веќе подолго време се заканува со отпуштања во Белгија доколку вработените не ги прифатат новите услови за работа и исплата. По неколку недели обид за преговори, синдикатите соопштија дека одлуката е донесена „Рајанер“ да се ослободи од 84 лица.
Во текот на мај, нискобуџетната компанија најави дека планира да го намали својот персонал за три илјади единки, платите на пилотите за 20 отсто и платите на останатите членови од екипажот за десет проценти.
Во Белгија постои посебен закон во случај на колективни отпуштања, што ги обврзува работодавците да преговараат со синдикатите, закон кој „Рајанер“, според синдикалните претставници, се обидува да го заобиколи и да преговара директно со здруженијата на пилоти. Синдикатите најавија дека нема да попуштат и дека „Рајанер“ ќе мора да ги почитува белгиските закони, како и сите предвидени услови што им следуваат на отпуштените и покрај тоа што компанијата има седиште во Ирска.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари