Радев денеска и утре со серија политички консултации пред врачување на мандатот за состав на новата бугарска Влада
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ги почнува консултациите со претставниците на седумте пратенички групи во 47. Народно собрание пред да го врачи првиот мандат за формирање на идната бугарска влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев денеска ќе разговара со четири од партиите во новиот бугарски Парламент, а за утре се закажани уште три средби.
Тој ќе се сретне одделно со претставници на седумте партии за да разговара за можностите 47-от бугарски Парламент да ја предложи новата бугарска Влада.
Веќе две недели „Промените продолжуваат“, партијата која победи на третите парламентарни избори годинава, преговара со уште три партии за коалициска влада.
Први на консултациите со претседателот Радев ќе бидат претставниците на „Промените продолжуваат“, а по нив претседателот на Бугарија ќе разговара со претставници на ГЕРБ-СДС. Оваа коалиција веќе ќе биде опозиција во 47. Народно собрание на Бугарија, најави претходно претседателката на пратеничката група Десислава Атанасова.
Третата средба за денеска Радев ќе ја оствари со Движењето за права и слободи, а БСП ќе биде четврта .
Бугарскиот претседател утре ќе ги продолжи консултациите со претставниците на „Има таков народ“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар