-->
-->
Работник итно пренесен на скопските клиники
-->
Повреден работник додека изведувал градежни работи на своето работно место. Според информациите на МВР, вчера во 18.55 часот во с.Форини, гостиварско, Ј.Ч. (38) од с.Чегране, вработен во приватна фирма, изведувајќи градежни работи, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Гостивар, поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа на Надворешната канцеларија за криминалитички работи Гостивар и инспектор за труд,безбедност и здравје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последна контрола за пред заминувањето за Ерменија
-
Милвоки го отпушти Лилард
-
Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон
-
Елиминирана шампионката на Ролан Гарос
-
Барди го заврши претстојот во Бодрум
-
Пожарот кај Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“
-
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид последни четвртфиналисти
-
Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот