Кошарка
28. September 2017 - 8:39

Работнички поразен и во реваншот од ФИБА Европа купот

Кошаркарите на Работнички и во реваншот од првото коло од квалификациите од Европа Купот на ФИБА претрпеа пораз од руската екипа Парма Перм. Гостите славеа победа со 95:73. Резултат по четвртини: 21:20; 18:26; 14:31 и 20:18. На првиот натпревар Парма победи со 88:63.
 
Во текот на целиот дуел гостите имаа контрола над играта и резултатот и ја оправдаа фаворитската улога.
Најефикасни на натпреварот беа Американецот Френк Гејнс со 30 поени кај Парма Перм, додека кај Работнички најмногу поени постигна Маркус Гинјард - 26.
 Со двата пораза Работнички го заврши настапот во еврокуповите оваа сезона.