Loading Video...
Кошарка
6. April 2021 - 19:18

Работнички подобар од Куманово

Во кошаркарскиот шампионат од денеска, стартува забрзаното темпо на одигрување на заостанатите натпревари од Првата машка лига 
 
Кошаркарите на Работнички го победија Куманово со 79:70 во заостанат натпревар од 6.коло. 
 
До 9-тата победа во 14-тиот одигран натпревара сезонава Работнички го предводеа Американецот, Питс кој постигна 32 поени и Младеновски кој оствари дабл_дабл со 18 поени и 14 скокови. 
 
За утре во терминот од 16 часот, закажани се два натпревари и тоа Гостивар со новиот тренер Јончевски ќе го пречека тимот на МЗТ Скопје Аеродром, додека во Кавадарци Еуро Никел ќе биде домаќин на Кожув