-->
-->
Работнички и Трабзон со познати состави
-->
Македонскиот претставник во Лига Европа Работнички во третото коло од квалификациите вечерва (почеток 20 часот) на Националната Арена Филип Втори го пречекува турскиот тим Трабзон. Според реномето и настапите досега во еврокуповите гостите ја имаат улогата фаворит.
Но, проблемите во турскиот состав (недоразбирања на релација капитен-тренер-спортски директор) можеби се шанса Работнички да дојде и до посакуваниот резултат.
- Ќе играме на максимално ниво, офанзивно на гол повеќе и ова е натпревар на кој може многу да добиеме. Добро беше што овојпат по пласманот во следната рунда не патувавме, а Работнички игра подобро, а може да одигра и подобро, истакна на пресот тренерот Игор Ангеловски.
Во однос на составот за вечерашниот дуел тренерот Ангеловски истакна дека нема да има промени во стартните 11 во однос на оние кои играа на првите два дуела на домашен терен со Флора и Јелгава.
Според тоа Работнички би требало вечерва да истрча со следните 11-мина: Божиновски, Силјановски, Ристевски, Илиевски, Цикарски, Петровиќ, Сахити, Вујчиќ, Алтипармаковски, Илијоски и Анене.
Во редовите на гостите познато е дека поради несогасувањата од Скопје си замина капитенот и голман Онур Киврак, а на повреди се жалат: Стефан М‘биа, Мехмет Екичи, Дениз Јилмаз и Жозе Босингва.
Тренерот Шота Арвеладзе за кога ова најверојатно е и последниот натпревар на клупата на Трабзон по поднесената оставка се очекува да настапи со следните 11-мина: Ибрахим Демир, Каванда, Мустафа Јумлу, Угур Демирок, Медјани, Улудаг, Ајтач Кара, Кевин Констант, Сефа Јилмаз, Јусуф Ердоган и Оскар Кардозо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари