Работилница: Жените Ромки не си ги знаат правата
Жените од ромската заедница најчесто пријавуваат дека немаат пристап до институциите и не си ги знаат своите права. Не знаат каде да се обратат кога има семејно насилство, беше речено на денешната прва работилница од серијата „И јас можам“ што ги организира Националниот ромски центар во Штип.
Целта на работилниците е заштита од дискриминација на жените Ромки.
-На терен се покажува дека жените од ромската заедница не знаат во кои институции да се обратат кога има семејно насилство, рече Сабина Асанова, локален теренски консултант.
Според Катерина Шојиќ од Националниот ромски центар, идејата на денешната прва работилница е да се поттикне свесноста и да се придонесе кон спречување и заштита од дискриминација на жените Ромки.
-Другите обуки се за подигнување на свесноста за заштита и спречување на насилството врз жените Ромки и особено на семејното насилство, нагласи Шојиќ.
Ново на Сител
-
Меџити исклучува политика во разрешувањето на Јовев
-
Шаќири: Идната година ќе има книги за сите деца
-
Спасовски: Успешна година за МВР во борбата против криминалот
-
Почнува Струмица Опен Фест
-
Блокирана сметката на ЈП Исар
-
Разнесена клучна брана во Украина, наредена евакуација на населението покрај Днепар
-
Фондот и финансии тврдат нема проблем, но нема ниту пари на сметките на граѓаните
-
Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам дека уставни измени нема да има