Македонија
25. јуни 2020 - 12:56

Работен состанок за предлог протокол за организација на јавни настани

Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Венко Филипче и Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска во „Паркот на Франкoфонијата“, одржаа работен состанок со преставници од Здружението на културни работници, со кои разговараа за предлог протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на Ковид-19.

Царовска и останатите присутни министри на состанокот истакнаа дека Владата ќе ја разгледа оваа иницијатива од културните работници и ќе постапи во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.

Преставниците на Здружението, пак, посочија дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните.

Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните.