Путин: Трaмп е подготвен за нормализирање на односите
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека за време на телефонскиот разговор со Доналд Трамп на 14 ноември, новоизбраниот претседател на САД изразил волја за нормализирање на билатералните односи помеѓу Москва и Вашингтон, јави ТАСС.
- Прашањето за конкретна средба и можен датум не беше разгледано, но констатиравме дека би било полезно да се организира средба на наши претставници. Трамп се уште го составува тимот, затоа во моментов е тешко да се говори за таква средба. Да почекаме, има време, посочи Путин на прес-конференција во Лима по самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Во однос на кусата средба со актуелниот американски претседател Барак Обама на маргините на форумот, Путин му заблагодарил за годините на заедничка соработка и го покани да ја посети Русија.
- Иако дијалогот меѓу нас не беше лесен, а може да се нарече дури и сложен, меѓу мене и претседателот Обама секогаш постоела заемна почит. Јас му заблагодарив за соработката и му реков дека во секое време, ако е неопходно и ако постои волја за тоа, ние со задоволство ќе го пречекаме во Русија, истакна Путин.
Путин исто така изрази подготвеност да го задржи производството на нафта на сегашното ниво.
- Ние ќе направиме се што нашите партнери од ОПЕК очекуваат. Сегашната стапка на производство за нас не е проблем, увери рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација