Путин телефонски разговарал со селекторот пред и по дуелот со Шпанија
Претседателот на Русија, Владимир Путин на рускиот национален тим ја честиташе победата над Шпанија во натпреварот од осминафиналето Светското првенство (1:1, 4:3 на пенали).
Шефот на државата го следеше натпреварот и два пати го повика главниот тренер Станислав Черчесов.
- Пред почетокот на натпреварот, претседател се јави на тренерот, и му посака успех во претстојниот натпревар, а исто така, истакна дека под раководство на Черчесов нашите момци направија невозможно – ја поминаа групата. Тоа им дава можност да играат слободно во полна сила, покажувајќи ги сите нивни таленти, го цитира Интерфакс Дмитиј Песков, портпарол на претседателот.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, Путин повторно го побарал селекторот и му честитал нему и на целиот тим за импресивна победа, потенцирајќи дека неговата тактика даде резултат.
Русија во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Хрватска – Данска.
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ