Loading Video...
Свет
9. May 2022 - 16:36

Путин со порака од парадата: Конфликтот со украинските неонацисти беше неизбежен

НАТО не ни остави друг избор. Русија беше принудена да ја нападне Украина, а акцијата беше навремена порача рускиот претсдеател Владимир Путин во своето обраќање на денешната парада по повод одбележувањето на Денот на победата во Москва. Во екот на воената операција на неговата земја во Украина, тој истакна дека Русија го повикувала западните земји на компромис, но тие не сакале да слушаат и се подготвувале да ги нападнат Донбас и Крим.

Традиционалната воена парада на Црвениот плоштад ја одбележаа 10 000 војници и оклопни возила. Она што остваи силен впечаток е исклучувањето на воздушните сили на Русија од воената парада, а Москва ваквиот потег го правда со непогодните временски услови.

Неколку минути по завршување на говорот на Путин, со рекација се јави Украинскиот лидер Володомир Зеленски. Шетајќи низ улиците на Киев, тој порача дека Украина ќе победи во војната со Русија и нема да отстапи ниту една територија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во обраќањето по повод 77-годишнината од крајот на Втората светска војна истакна дека Украина не може да има мир под руска диктатура.

Украина тоа не би го прифатила, а не би го прифатиле ни ние.  Украина ќе победи. Слободата и безбедноста ќе победат, како што слободата и безбедноста триумфираа над потчинетоста, насилството и диктатурата пред 77 години, кажа Шолц.

На говорот на Путин реагираше и британскиот МО, Бен Валас, кој истакна дека рускиот претседател Путин и неговите генерали се слика на фашизмот и тиранијата.

Со инвазијата на Украина, Путин и неговиот близок круг на генерали сега го рефлектираат фашизмот и тиранијата од пред 77 години, повторувајќи ги грешките на тоталитарниот режим од минатиот век. Тие не можат да имаат Ден на победата, само срам и сигурен пораз во Украина, рече Валас.