Путин: Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини САД за одолговлекување на украинскиот конфликт и се обидуваат „да го дестабилизираат“ светот преку неодамнешната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
– Ситуацијата во Украина покажува дека САД се обидуваат да го продолжат конфликтот. И дејствуваат на ист начин, поттикнувајќи го потенцијалот за конфликт во Азија, Африка, Јужна Америка, изјави Путин во обраќањето на Меѓународната безбедносна конференција во Москва.
Според него, „американската авантура кон Тајван, не е само патување на еден неодговорен политичар, туку дел од намерна, свесна стратегија насочена кон дестабилизација и внесување хаос во ситуацијата во регионот и во светот“.
Се работи за „бесрамна демонстрација на непочитување на суверенитетот на други земји и на нивните меѓународни обврски“, смета Путин, критикувајќи ја, како што ја нарече, „внимателно подготвената провокација“.
Рускиот претседател истакна и дека „специјалната воена операција на Русија во Украина се спроведува целосно според Повелбата на ОН. Целите ѝ се јасно определени – да ја гарантира безбедноста на Русија и на руските граѓани, да ги заштити од геноцид жителите на Донбас“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата