Путин: Се надевам дека против ИД ќе можеме без нуклеарно оружје
Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави тоа што неговата земја првпат извршила напади врз положби на Исламска држава во Сирија со ракети истрелани од подморницата „Ростов на Дон“ во Медитеранот, но исто така изрази надеж дека во нападот нема да мора да користи нуклеарни боеви глави.
Путин тоа го изјави на состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој го извести за најновите резултати од операцијата против џихадистите на ИД во Сирија.
- Мораме да анализираме се што се случува на терен и како функционира оружјето. Крстосувачките ракети „калибар“ и КХ-101 е покажаа како модерни и многу ефикасни, а сега знаеме и дека тоа е високо прецизно оружје кое може да биде опремено и со конвенционали и со специјални боеви глави, како што се нуклеарни, рече Путин.
- Тоа, досега, секако, не беше потребно во борбата против терористите, а се надевам дека никогаш нема ни да биде потребно, наведе Путин.
Крстосувачките ракети „калибар“ погодиле два големи пункта на терористите на ИД во областа Рака.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
-
Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп
-
Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам кој е најдобар тенисер во историјата