Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со министерот за одбрана и високи генерали изјави дека руските сили секојдневно ги подобруваат своите позиции во сите правци во Украина и руската офанзива се одвива според планот.
На состанокот во Кремљ со новиот министер за одбрана Андреј Белоусов, секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу и високи генерали, Путин рече дека акциите на руската војска „продолжуваат во согласност со планот“ одобрен од Генералштабот.
„Колку поефикасно работите на фронтот, толку повеќе имаме шанси да го решиме ова прашање по мирен пат“, им рече Путин на генералите, додавајќи: „Ова е она кон што отсекогаш сме се стремеле и секогаш сме зборувале“.
Путин му се заблагодари на Шојгу за неговата претходна работа како министер за одбрана. Рускиот претседател истакна дека „многу работи не беа јасни пред почетокот на војната“ и додаде дека Шојгу ќе му помогне во управувањето со безбедносниот и одбранбен систем на државата.
Обраќајќи му се на Белоусов, Путин рече дека го назначил поради зголемените трошоци за одбрана и безбедност, кои оваа година се очекува да достигнат речиси 8,7 отсто од БДП или повеќе.
„Ова сè уште не е 13 отсто, како што беше случајот во Советскиот Сојуз, но сепак е значителна сума, солиден ресурс и овие средства мора да се користат внимателно и ефикасно“, рече Путин.
„Овој однос меѓу одбраната и цивилната сфера мора да се интегрира во севкупната развојна стратегија на руската држава“, посочи рускиот претседател.
Путин го пофали Белоусов за неговата економска експертиза и работа на развој на беспилотни летала и други беспилотни борбени возила.
Рускиот лидер изјави дека нема да прави промени во составот на Генералштабот на руската армија. На средбата учествуваше и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.
„Сакам на сите да им биде јасно. Оваа борбена единица е развиена, функционира ритмички, работи успешно и не се очекуваат промени во неа“, рече Путин за рускиот Генералштаб.
Ново на Сител
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава