Путин: Русија ќе работи конструктивно со секој победник на претседателските избори во САД
Рускиот претседател Владимир Путин повторно потврди дека го смета Доналд Трамп за „бистра“ личност и изрази високо мислење за ветувањата на републиканскиот кандидат за претседател на САД дека ќе сврти нова страница во односите меѓу Вашингтон и Москва.
Запрашан за односот кон кандидатката на демократите Хилари Клинтон, тој избегна директен одговор, но упати најдобри зборови за нејзиниот сопруг Бил Клинтон, на кого му изрази благодарност за неговата поддршка.
Путин во своето обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Русија ќе работи конструктивно со било кој што ќе победи на американските претседателски избори. Тој изрази надеж дека победникот ќе се стреми кон развој на односите со Русија и изградба на побезбеден свет.
- Америка е голема сила, можеби единствената велесила денес, ние го признаваме тоа. Светот има потреба од таква моќна земја како САД, а исто така и ние. Сакаме и подготвени сме да работиме со неа, но немаме потреба тие постојано да се мешаат во нашите работи и да ни кажуваат како да живееме, нагласи рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен