Путин објави новогодишна честитка опкружен со војници
Рускиот претседател Владимир Путин одржа новогодишно обраќање до Русите и не зборуваше во Кремљ, како и обично, туку опкружен со војници кои учествуваат во војната во Украина.
Путин ја нарече 2022 година година на клучни настани кои ги поставуваат темелите на иднината за Русија и светот, и година исполнета со немири и вознемиреност.
– Ова беше година на вистински пресврти и судбоносни настани. Година на тешки, но неопходни одлуки, од кои најважна беше онаа за преземање чекори кон стекнување целосен суверенитет, рече тој.
– Но, нашиот мултинационален народ, како што беше случај во сите тешки периоди од руската историја, покажа храброст и достоинство. Со зборови и дела ги поддржа бранителите на татковината. Нашите војници и офицери. Сите учесници во специјалната воена операција, изјави Путин. Тој нагласи дека „вистината е на страната на Русија, која го штити својот народ на своите историски територии“.
– Со години, западните елити ја убедуваа Русија во мирољубиви намери, вклучително и во Донбас, но всушност тие ги поддржуваа неонацистите и се подготвуваа за агресија. Сега за ова отворено се разговара, а народот на Украина се користи за да се подели и ослабне нашите земја, рече Путин.
– Никогаш никому не сме дозволиле и нема да дозволиме никому да го направи тоа, додаде тој.
Тој изрази уверување дека Русија ќе ги надмине сите тешкотии и ќе остане голема и независна земја.
– Отсекогаш знаевме, а денес уште еднаш сме убедени дека суверената, независна, сигурна иднина на Русија зависи само од нас. Од нашата сила и волја, заклучи Путин.
Ново на Сител
-
Дел од населбата Кисела Вода без вода
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица