Loading Video...
Свет
30. January 2018 - 23:12

Путин: Навреден сум зошто не сум на американската црна листа

Американската листа со 210 имиња на руски политичари и бизнисмени ќе ги загрози и онака лошите односи Вашингтон - Моксва порача  првиот човек на Русија Путин  Се работи за непријателски акт насочен против Русија изјави  тој  пренесе  Раша тодај  и се пошегувал дека е навреден  зошто го нема неговото име на списокот.  Листата на руски државјани за кои се верува дека имаат корист од владеењето на Путин е составена  како дел од  конгресен закон , чија цел е да се  казни Русија за мешање во  претседателските избори во САД во 2016 година.  ЗАсега нема да бидат воведени санкции против посочените , иако поголем број од нив   веке се опфатени со претходните американски санкции.  Според директорот на ЦИА  Русија веројанто ќе се обиде да влијае и  врз американските  претседателски избори во 2018.

Во интевјуто за БИБИСИ Помпео зборуваше и  за Кина, оценувајки дека таа е  многу поголема закана  за САД, отколку Русија.