Путин: На Бил Клинтон му предложив членство на Русија во НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон му предложил Русија да стане членка на НАТО.
- Се сеќавем дека на еден од последните состаноици со Бил Клинтон, кога дојде во Москва, му реков дека би требало да ја разгледаме опцијата за влез на Русија во НАТО, на што тој одговори „зошто да не“, изјави рускиот претседател во интервју со американскиот режисер Оливер Стоун за потребите на документарната серија „Интервјуата на Путин“.
Како што јави ТАСС, Путин во интервјуто нагласува дека ваквиот тек на разговорот предизвикал „нервоза во американската делегација“. На прашањето на Стоун дали Русија поднела апликација за членство во НАТО, Путин само се насемеал.
Рускиот претседател во интервјуто се осврнува и на улогата на НАТО, оценувајќи дека Алијансата е „само инструмент на надворешната политика на САД“.
- На тоа мораме да одговориме со контрамерки. Мораме да ги насочиме нашите ракетни системи кон постројките кои претставуваат закана за нас, нагласи Путин.
„Интервјуата на Путин“ е документарна серија што ќе се емитува на американската телевизиска мрежа „Шоутајм“ во периодот од 12 до 15 јуни.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп