Loading Video...
Свет
9. December 2024 - 16:33

Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад е во Русија, заедно со неговото семејство. 

По повеќечасовните претпоставки каде е Асад, Москва и официјално потврди дека му е даден азил од хуманитарни причини, одлука која ја донел лично Путин, долгогодишен сојузник на Сирија кој изминативе 13 години на Асад му обезбеди значителна воена и политичка поддршка. Кремљ сепак официјално не открива детали ниту каде се наоѓа Асад, ниту дали ќе се сретне со Путин. Во моментов се превземаат мерки за Русија да ги обезбеди своите воени бази во Сирија. 

- Ваква средба во официјалниот распоред на претседателот нема. Што се однесува до тоа каде се - во моментов немам што да кажам. Нормално, такви одлуки (давање азил) не можат да се носат без шефот на државата, тоа е негова одлука. Прерано е да се зборува за тоа (што се случува со руските воени бази во Сирија), а во секој случај сето тоа е тема за разговор со оние кои ќе бидат на власт во Сирија. Сега гледаме дека сме во време на трансформација, на крајна нестабилност, така што, се разбира, ќе треба време и сериозен разговор со тие што ќе бидат на власт, вели Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ. 

Сиријците втор ден го слават падот на Асад, бунтовниците ги ограбуваат неговата резиденција и поранешните домови, но се ослободуваат и илјадници затвореници од озогласениот затвор Седнаја.

- Денес никому не ја даваме нашата радост. Овој ден го чекаме 50 години. Целиот народ беше замолчен и не можеше да се изјасни поради оваа тиранија. Денеска благодариме и бараме од Бога да ги награди сите што придонеле за овој ден, денот на ослободувањето. Живеевме во голем затвор, голем затвор кој беше Сирија. Поминаа 50 години во кои не можевме да зборуваме, ниту да се изразиме, ниту да ги искажеме нашите грижи. Секој што зборуваше беше приведен во затвори, како што видовте во Седнаја, изјави сиријец 

- Да даде Господ, ќе видиме нова ера, добра, од подобра кон подобра, со оваа нова ситуација. Се надеваме дека фракциите внатре во Дамаск ќе ја контролираат ситуацијата, подобро отколку што беше порано, ситуацијата да функционира нормално и вратете се на она што бевме и уште подобро, ако даде Господ, ова е она на што се надеваме - сиријец 

Светските лидери повикуваат на брзо изнаоѓање политичко решение за Сирија, кое барем засега нема изгледи дека ќе се случи.

САД ќе и помогнат на Сирија да се справи со ризиците, вели Бајден кој падот на Асад го оцени како историска можност за сирискиот народ. 

- Прво, ќе ги поддржиме соседите на Сирија, вклучувајќи ги Јордан, Либан, Ирак и Израел доколку се појави каква било закана од Сирија во овој период на транзиција. Ќе разговарам со лидерите од регионот во наредните денови. Утрово имав долги одлуки со сите наши луѓе. И ќе испратам високи функционери од мојата администрација во регионот. Второ, ќе помогнеме во стабилноста...да обезбедиме стабилност во источна Сирија. Заштита на кој било персонал - нашиот персонал - од какви било закани, изјави Бајден. 

По барање на Русија денеска вонредна седница за ситуацијата во Сирија зад затворени врати ќе одржи и Советот за безбедност на Обединетите нации.