Путин - Макрон: Да се зачува Договорот за иранската нуклеарна програма
Рускиот и францускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор се согласија дека во целост треба да биде зачуван и стриктно имплементиран Договорот за иранската нуклеарна програма, соопшти Кремљ.
Во соопштението се посочува дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на Макрон.
Францускиот претседател вчера имаше телфонски разговори со британската премиерка тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел при што беше потенцирано дека важечкиот договор со Иран е најдобар можен начин да се спречи Техеран да се стекне со нуклеарно оружје. Но, тие истакнаа и дека Договорот со Иран може да биде проширен на балистичките проектили.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп докуметот со Иран го оцени како „најлош договор склучен некогаш“ и се закани дека ќе воведе нови санкции кон Техеран, освен ако европските сојузници Велика Британија, Франција и Германија не се согласат на измени. Повторното воведување на санкции кон Иран, најверојатно би значело крај на договорот.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ