Путин ќе го надмине Сталин за најмногу години на власт по победата на претседателските избори
Досегашниот претседател на Русија Владимир Путин, во услови кога немаше вистинска конкуренција, обезбеди уште шест години на чело на Русија со освоени 87,26 отсто од гласовите од 60,01 отсто преброени ливчиња.
Според податоците објавени од Централната изборна комисија на Русија, на второ место е кандидатот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Николај Харитонов, кој според делумните резултати доби 4,18 отсто од гласовите.
Следуваат кандидатот на Партијата на Новиот народ Владислав Даванков, кој освои 3,99 отсто и кандидатот на Либерално-демократската партија на Русија Леонид Слуцки со 3,12 отсто.
Според прелиминарните податоци, одѕивот на гласачите на првите претседателски избори во Русија одржани во текот на три дена - 15, 16 и 17 март, изнесува 74,22 отсто. Во 2018 година, кога гласањето се одржа во еден ден, одѕивот на гласачите беше значително помал - 67,54 отсто. Во 2018 година, 76,69 отсто од гласачите гласаа за Владимир Путин.
Исходот значи дека Путин (71) треба да започне со нов шестгодишен мандат со кој ќе го надмине Јозеф Сталин и ќе стане најдолготрајниот руски лидер во повеќе од 200 години доколку го заврши.
Ново на Сител
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење