Свет
17. January 2019 - 11:38

Путин има флота од 4 идентични авиони и до последен момент не се знае со кој ќе лета: Еве како изгледа неговата летачка тврдина

Авионот на Путин ИЛ-96-300ПУ чини 500 милиони долари и е опремен со напредна технологија која оваа летечка палата, како што ја нарекоа медиумите, ја прави вистински команден центар во случај на неочекуван напад.

Надвор изгледа како стандарден патнички авион, иако по димензии е нешто поголем, но внатре рускиот претседателски авион е опремен како луксузен хотел.

Распонот на крила му е 65 метри, колку што е и долг. Максимална тежина што може да понесе е 270 тони.

Внатрешноста е декорирана во неокласичен стил, со светли бои, со многу бела кожа и златни акценти.

Од безбедносни причини, дури пред самото тргнување се бара со кој авион ќе патува рускиот претседател, но тој податок е познат само на мал број луѓе. Останатите три или само еден го следат авионот кој е одбран за пат.

Рускиот претседател има флота од четири идентични авиони.