Путин и Вучиќ потпишаа низа документи за економска соработка
Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин вечерва ги завршија билатералните разговори во Москва, по што потпишаа серија договори за соработка во различни области.
Путин пред новинарите истакна дека разговорот бил искрен и содржаен и најави натамошен развој и јакнење на односите меѓу двете земји.
Рускиот претседател, на заедниќката прес-конференција со Вучиќ истакна дека Русија ќе продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.
Тој додаде дека Русија ќе ја поддржи секоја одлука за Косово што ќе биде постигната меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека решението треба да се постигне со политички средства, во дијалог на двете страни и да биде во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
- Русија е заинтересирана за стабилизација на ситуацијата во регионот. Руската страна ќе продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, рече рускиот претседател.
Путин потенцира дека со Вучиќ најмногу разговарале за економската соработка со оценка дека таа е во пораст и дека така ќе се продолжи. Воедно тој најави дека Русија ќе ги покрие потребите на Србија за гас.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико