Путин: И Русите и Американците сакаат зајакнување на односите
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во Москва изјави дека и во Русија и во САД постојат луѓе кои сакаат да ги јакнат односите меѓу двете земји, што дава надеж за „сеопфатно воспоставување односи во име на интересот на двата народа“.
- Во Русија и во САД постојат луѓе кои сакаат добри меѓусебни односи, кои ја уважуваат и сакаат културата и на САД и на Русија, истакна Путин на церемонијата на врачување на државни награди.
Според него, во време кога односите на Русија и САД „преживуваат тешки моменти“, многу се важни образовните и просветните програми, како програмата на Сузан лерман, покрената во САД.
Тој потсети дека на Денот на народно единство традиционално се врачуваат награди на странски граѓани, кои придонесуваат за развој на повеќестраните, културни и хуманитарни врски со Русија и додаде дека таквите контакти им помагаат на луѓето да се „разберат, да се зближат и да ги разбијат вештачките наметнати стереотипи“, истакна Путин.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава