Свет
4. February 2022 - 8:31

Путин и Макрон третпат неделава разговараа за Украина

 Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со францускиот колега Емануел Макрон укажа на провокативните изјави и постапки на украинските власти.

Како што соопшти Кремљ, претседателите на Русија и Франција посветиле посебно внимание на ситуацијата во врска со Украина и безбедносните предлози на Москва.

– Владимир Путин уште еднаш укажа на провокативните изјави и постапки на украинското раководство, кои се спротивни на договорите од Минск, се нагласува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Соопштено е и дека Путин и Макрон се договориле да ги продолжат контактите.