Путин го потпиша новиот Закон, со драстични казни за тие што одбиваат да се борат во Украина
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша новиот Закон, кој предвидува затрворска казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили.
Законот претходно беше одобрен од руските Домови на Парламентот. Според стариот закон, војниците дезертери се соочуваа со петгодишна казна затвор. По објавената мобилизација голем број Руси ја напуштија земјата, а исто така во повеќе градови беа организирани протести. Според активистите за граѓански права денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.
Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстранти се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо“. За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург. На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1.300 лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација