Путин ги повика Русите да имаат повеќе деца
Руските семејства мора да имаат најмалку две деца за да се обезбеди етнички опстанок на нацијата и три или повеќе за нацијата да се развива и напредува, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Како што потсетува Ројтерс, иако јавноста не знае колку војната против Украина ја погоди Русија, извесно е дека Русија претрпе големи загуби, а стотици илјади луѓе ја напуштија земјата поради противење на конфликтот или страв од мобилизација.
Путин им рекол на вработените во фабриката за тенкови во регионот на Урал дека две деца по семејство е минималниот број доколку Русите сакаат да го задржат својот идентитет, пренесува Радио Слободна Европа.
„Ако сакаме да опстанеме како етничка група, поточно како етнички групи кои ја населуваат Русија, во семејството мора да има најмалку две деца“, рече Путин.
Претседателот на Русија истакна и дека доколку секое семејство има само по едно дете, населението ќе се намали.
„И ако сакаме да се прошириме и развиваме, мора да има најмалку три деца“, додаде тој.
Путин, како што се изјасни, е поддржувач на „традиционалните вредности“ засновани на семејството, нацијата и верата на православната црква.
Русија се соочува со постепен пад на населението кој трае веќе две децении.
Заводот за државна статистика процени дека на почетокот на 2023 година имало 146,4 милиони Руси, што е помалку од скоро 149 милиони 20 години порано, но повеќе од 143 милиони руско население помеѓу 2007 и 2012 година.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата