Путин: До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски извозници на водород
До 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на средба со претставник на италијанскиот бизнис.
– Русија располага со значителни ресурси и технолошки можности за развој на зелената енергија. Во наредните години ќе бидат лансирани пилот-проекти за производство на водород со ниски емисии на штетни гасови и нивна примена во енергијата, транспортот и индустријата, истакна Путин.
Според него, концептот за развој на водородната енергија веќе се спроведува, додавајќи дека „до 2035 година Русија би можела да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород“.
– Русија неодамна презеде голем број важни чекори за создавање економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Земјата планира да стане јаглеродно неутрална до 2060 година, истовремено одржувајќи одржлив економски раст, нагласи Путин.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата