Свет
14. October 2022 - 18:08

Путин: Директен конфликт меѓу НАТО и Русија би довел до глобална катастрофа

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека директен конфликт меѓу НАТО и Русија бил бил многу опасен чекор и дека би довел до глобална катастрофа.

Путин на прес-конференција во Астана, каде што учествуваше на три самити-Самит за соработка и градење доверба во Азија, собир на лидерите на ЗНД и самитот Русија-Централна Азија, изрази надеж дека ќе има разум таков чекор да не се преземе.

„Во секој случај, воведувањето некои трупи во директен судир со руската војска е многу опасен чекор кој може да доведе до глобална катастрофа. Се надевам дека оние кои зборуваат за прашањето дали е можно НАТО да испрати трупи на територијата на Украина ако ситуацијата во Киев стане катастрофална, пренесува РИА Новости.

Претседателоот на Русија рече дека делулната мобилизација која е воведена во Русија ќе биде завршена во рок од две недели и наведе дека во воените едниници веќе се испратени 222.000 луѓе од планираните 300.000.

Тој објасни дека делумната мобилизација е потребна бидејќи линијата на контакти со Украина е долга 1.100 километри и не можат да ја држат само војници по договор.

Путин изјави дека Русија е отворена за преговори со Украина, дека дури се постигнати одредени договори во Истанбул, ама дека украинските власти, штом се повлекоа руските сили од Киев, веднаш изгубија желба за преговори.