Свет
9. December 2015 - 8:41

Путин: Црната кутија да се отвори со присуство на меѓународни експерти

Рускиот претседател Владимир Путин му наложи на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ја отвори црната кутија на воениот авион Су-24 што го соборија турските сили, но исклучиво во присуство на меѓународни експерти.

- Што се однесува до црната кутија, сега ќе ја погледнеме. Дали ја отворале, запраша Путин на состанокот со министерот за одбрана.

Путин замоли кутијата се уште да не се отвора.

- Отворете ја само заедно со странски експерти, се треба внимателно да се забележи, наложи претседателот на Русија.

- Дешифрирањето на податоците од црната кутија на бомбардерот Су-24, ќе помогнат да се одреди точната маршрута на неговото движење, каде се наоѓал во моментот кога е соборен, каде му е точно нанесен „предавничкиот удар“, рече Путин.