Путин: Асад подготвен на дијалог со опозицијата
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека по средбата со сирискиот претседател Башар ал Асад во Москва е уверен оти тој е подготвен на дијалог со сириската опозиција, како и оти не се противи Русија да ја поддржи вооружена опозиција која е подготвена да се бори против Исламска држава.
Путин на завршната пленарна седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ рече дека сириското раководство треба да воспостави „работни контакти со оние опозициски сили кои се подготвени на дијалог“ и оти сфатил дека Асад е „подготвен на таков дијалог“.
Москва размислува како во практика да ги спроведе договорите со Асад за можноста за пружање помош на опозицијата во борбата против ИД.
Путин повтори оти „апсолутно е погрешно“ да се поставува прашањето за заминување на Асад од власт, бидејќи тоа треба да го одлучи самиот сириски народ.
Претседателот на Русија не исклучи спроведување политички реформи во Сирија под меѓународна контрола, но таа да биде непристрасна, а не „ангажирана“ која би ја спроведубала една или групи држави.
Ново на Сител
-
Со кауција од 2 милиони евра, Јахоски излегува од притвор
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата