Македонија
6. October 2016 - 15:39

Пуштени во употреба два патни правци во Крива Паланка

По повод 8 Октомври денот на ослободување на Крива Паланка, денеска свечено беа пуштени во употреба два патни правци во општината, локален патен правец во село Варовиште до манастирот свети Јоаким Осоговски и патот во најнаселениот дел на село Жидилово.

- Овие два патни правци беа дел од приоритетните проекти кои се реализираа во општината. Во село Жидилово е асфалтиран 1 километар, додека патот до манастирот, кој е комплетно нов пристапен пат, е со должина од 2.300 метри. Двата се со вкупна вредност од над 30 милиони денари, финансии обезбедени до АФПЗРР. Благодарение на средствата од оваа агенција деновиве асфалтиравме уште еден патен правец во село Кркља, до Езерце, Калин Камен во должина од 2 километри, изјави гардоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието во руралнито развој, Билјана Вуковиќ, рече дека општина Крива Паланка е една од поагилните во рализација на проекти кои ги финансира Агенцијата за подобрување на инфраструктурата.

- Покрај овие два патни правци кои се од големо значење за подобрување на условите за живеење и пристапноста до значајни објекти, како што е манастирот, во Крива Паланка досега се финансирани осум значајни проекти. Меѓу нив, локални патни правци, плоштадот пред локалната самоуправа, канализациони системи и друго, се во прилог на унапредување на условите во руралните средини, истакна Вуковиќ.

Според неа, со програмата за 2015 година на АФПЗРР финансираше рекорден број, 187 проекти, на територијата на цела држава, во осумте плански региони, за кои се одвоени 1,5 милиони евра. Додаде дека дел од проектите се финиширани, а дел се во фаза на реализација.