Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал
Кралската ковачница на Велика Британија официјално ги пушти во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал Чарлс Трети. Притоа колекционерите се охрабрени да посведочат и да ја побараат оваа историската промена од национално значење.
Безмалку три милиони нови парички ќе се најдат во џебовите на Британците од оваа недела, преку поштите и банките ширум Обединетото Кралство. На монетата се прикажани две пчели, на задната страна - во чест на посветеноста на кралот на зачувувањето на природата и живиот свет, и - ликот на монархот на предната страна од паричката, пренесува „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News).
Банкнотите со ликот кралот беа пуштени во оптек во јуни.
Ребека Морган, одговорната личност во Кралската ковачница за дизајнот на новата монета, рече дека Ковачницата ги направила монетите за секој од британските кралеви уште од Алфред Велики.
- Знаеме дека ќе има метеж од возбуда меѓу колекционерите и во јавноста за да се добие овој посебен дел од историјата, во нивното „ситно“. Се надеваме дека дизајните ќе поттикнат важни разговори за зачувување на овие важни примероци, вели Морган.
Занимливо е и тоа што бројот 1 е поголем, „за да им помогне на децата во совладувањето на вештините за броење“, како што се наведува. Вкупно 2.975.000 монети ќе бидат во оптек заедно со оние со ликот на покојната кралица Елизабета Втора, кои ќе бидат заменети со текот на времето кога ќе се оштетат или истрошат.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно