Пуштена во употреба нова спортска сала во Новаци
Досега успеавме да спроведеме многу проекти со кои беше подобрен животот и олеснето секојдневието на граѓаните. Владата ќе продолжи и понатаму да работи според принципот на неуморна работа и целосна посветеност на потребите и приоритетите на граѓаните, истакна претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски за време на денешната свеченост по повод пуштањето на новата спортска сала во Новаци.
Во своето обраќање премиерот Груевски подвлече дека спортската сала во Новаци е една од 180-те сали во државата, владин проект во кој 85 веќе се изградени, а 15 спортски сали се во фаза на изградба.
- Од овој ден учениците од ОУ „Славко Лумбарковски“, како и сите деца на Новаци, Добромири, Рибарци, Гнеотино, Долно Алгарци, Мегленци и другите околни места на располагање добиваат модерна и комплетно опремена спортска сала. Објектот кој го изградивме значи решавање на проблемите со соодветен спортски објект кои постоеја со години. Во изградбата инвестиравме 23 милиони денари со кои овозможивме трајно напуштање на старата импровизирана сала која се користеше само колку децата да не бидат надвор за време на зимскиот период. Наместо тоа, сега тие имаат нова сала и можност да играат во повеќе спортови бидејќи објектот е оспособен за спортување и тренирање гимнастика, кошарка, ракомет и мал фудбал, истакна Груевски. Тој потсети дека во рамките на овој проект подобрени се условите за спорт и рекреација на околу 40.000 ученици ширум Македонија.
Претседателот на Владата потсети и на другите инвестиции и владина поддршка обезбедени за општина Новаци, како и континуираната соработка со таа локална самоуправа.
- Во рамките на образованието овозможивме изградба на ново монтажно училиште во селото Далбеговци во вредност од три милиони денари, вложивме околу пет милиони денари во реконструкција и санација на други училишни објекти, помогнавме во изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура со која беа опфатени поголем број населени места, изградивме и обновивме повеќе патишта со што се подобри пристапот до регионалната патна мрежа и значително се подобри поврзаноста на целата општина. На полето на земјоделството во тек е префрлувањето на системот за наводнување преку Црна Река со кој ќе се овозможи наводнување на 3.000 хектари земјоделско земјиште, а предвидена е и изградба на топловод од РЕК „Битола“ што значи дека плодното земјиште низ кое ќе минува топловодот ќе може да биде искористено за изградба на пластеници и одгледување раноградинарски култури, истакна Груевски.
Пред учениците, наставниците и присутните гости почетокот на работата на новата спортска сала и важноста на таа инвестиција го поздравија заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот Лазар Котевски, а потоа сите заедно со премиерот Груевски го посетија манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ каде денеска се одбележува големиот христијански празник Раѓањето на Пресвета Богородица - Мала Богородица.
Ново на Сител
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија