Пукотници кај блокадите на Белведере во Црна Гора, нема повредени
На блокадите кај Белведере во Црна Гора е употребено огнено оружје, јави РТЦГ повикувајќи се на Управата за полиција. Нема извештаи за повредени. На истата локација претхгодно беше регистрирана и експлозија. Откако е запалена блокадата кај Белведере, насобраните демонстранти кои се противат на устоличувањето се упатија кон Цетиње. Во манастирот во тек е устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоанакиј.
Во градот е речиси неможно да се движат луѓе поради голем број фрлени солзавци, јавија црногорски медиуми. Патријархот на Српската православна црква, Порфириј и митрополитот црногорско-приморски, Јоаникиј, со хеликоптер пристигнаа во манастирот Цетиње. Нив ги обезбедуваат силни полициски сили, јавија црногорски медиуми. Хеликоптерот слета пред манастирот Цетиње. Автобусите со свештеници кои беа на пат за Цетиње се вратија во Подгорица.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот