ПУКНА ПРИЈАТЕЛСТВОТО: Димитар и Панчо во жесток конфликт!
На годинешното 31-во издание на фестивалот за забавна мелодија – Макфест, кое се одржа изминатата недела во Штип, улогата на водител ја имаше Димитар Атанасовски.
Ден по завршувањето на финалната вечер и прогласувањето на победничката песна, Димитар се обрати на Фејсбук и преку коментар фестивалот го опиша за најубавото животно искуство досега.
Меѓу пофалбите за изведувачите, оркестарот, песните… Атанасовски не заобиколи да ги спомене и оние кои деновиве го критикуваа Макефест.
Меѓу првите што се почувствува повикан за коментар на ваквата објава се јави Панчо од ДНК, кој саркастично го запраша Димитар: „Пијан си така? Или друг ти го пишал статусов?“, напиша Панчо.
Не требаше да помине многу време за да отпочне еден жесток конфликт во кој Диме и Панчо си кажаа ама баш се што им лежи и тоа не само за фестивалот туку многу повеќе…
Инаку, Димитар неодамна беше водител на промоцијата на новиот албум на ДНК, а дали по оваа иронична виртуелна пресметка ќе останат по старо останува да видиме
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија