-->
-->
Пукано врз играч на „Фенер“!
-->
Непознати напаѓачи пукале врз автомобилот на фудбалерот на Фенербахче, Мехмет Топал, кој остана неповреден во нападот, соопшти турскиот прволигаш.
Топал бил нападнат додека се враќал дома од тренинг, а погодена е блиндираната шофершајбна од неговото возило.
За сега не се познати мотивите на нападот, пренесува агенцијата АП.
Во април врз автобусот со фудбалерите на Фенербахче беа испукани неколку куршуми додека се враќаа од гостувањето во Трабзон.
Тогаш беше погоден во лице возачот на автобусот, поради што беше префрлен во болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел